Антонио Ангеловиќ: Посевите се во одлична состојба, субвенции и „зелена нафта“ искористив, сега ја чекам мерката „Млад земјоделец“

Антонио Ангеловиќ: Посевите се во одлична состојба, субвенции и „зелена нафта“ искористив, сега ја чекам мерката „Млад земјоделец“

И покрај сушната есен, Антонио Ангеловиќ успешно ја заврши сеидба на пченицата и јачменот и житните посеви веќе ја разеленија околината на Лозово.

Агротим ја следи новата сезона во производство на овој млад земјоделец од самиот почеток на подготовка на почвата, сеидбата и сега кога успешно поникнаа пченицата и јачменот. Важна улога во вкупното производство секако имаат временските прилики и извршувањето на сите агротехнички мерки, но сакаме да видиме и што значи поддршката која ја дава државата во вид на редовни субвенции и мерки како „зелена нафта“ и „млад земјоделец“.

-Па да проблемот со сушата беше многу голем, ама и покрај тоа со современа механизација успеавме да посееме 400 хектари со житарица од кои основно семе пченица 50 хектари и јачмен основно 105 хектари. Се одлучив годинава да посеам и семенска пченица за да имам квалитетно производство, а и за другите колеги земјоделци да имаат добро семе и повисок принос. Оставив и 50 хектари за сончоглед за проектот договорно производство со фабриката „Благој Ѓорев“ од Велес – вели Ангеловиќ.

Според него, посевите моментално се во одлична кондиција и доколку послужат временските прилики, очекува добар род.

-Тие се во фаза пред братење ама најбитно во моментот е да се пратат посевите под ,,будно око” затоа што има влага, а и температурите се во поголем плус и може да се појави „забрус“ кај житото. Исто така основното семе кое го посеавме е во одлична кондиција од кое планираме да извадиме одличен квалитет со што ке им овозможиме на сите наши колеги земјоделци догодина да имаат квалитетно сертифицирано семе на јачмен и пченица. Со самото квалитетно сертифицирано семе ќе дојдат и до поголеми приноси и ќе бидат порентабилни. – вели Антонио и додава дека субвенциите ги земал навреме, а особено му помогнала картичката за „зелена нафта“.

Повеќе од текстот на следниот ЛИНК

Треба да знаете
Последни објави