Уредување на каналот на „Крушевска република” и aдаптација на улици и тротоари за поголема достапност на лицата со посебни потреби и поставување на рампи и звучна сигнализација се приоритетните проекти што добија најмногу гласови од граѓаните на вечерашната последна форумска сесија на Буџетскиот форум на општина Струмица.
Покрај нив, проекти што ќе се реализираат следната година се и програмите за изградба на мрежа за гас и нови канализации, проектите за поставување и обележување на автобуски постојки на места каде чекаат ученици и реконструкција на основни училишта за енергетска ефикасност на зградите.
На досегашните четири форумски сесии, граѓаните предложија десет буџетски програми и 13 проекти, а вечерва ги избраа трите најприоритетни програми и проекти.