Две деца загинаа а десетина се повредени во автобуска несреќа во Агентина, јужно од Буенос Ариес. Загинатите деца се на возраст од 11 и 12 години, а повеќето повредени се пренесени во најблиската болница, рекол претставник на полицијата.
Несреќата се случила во 6 часот по локално време, во близина на местото Лезама, 160 километри од Буенос Ариес, од засега непознати причини.
Во автобусот биле 43 деца, на возраст од 11 до 13 години и десетмина возрасни, вклучително и двајца возачи. Оделе на училишна екскурзија. Тргнале од местото Бенавидес за летувалиштето Мар дел Туј.
Јавниот обвинител изјавил дека возачот рекол оти изгубил контрола над возилото. Обвинителот изјавил дека видливоста била добра и дека немало знаци на кочење на местото на несреќата.
Според првичните податоци од истрагата, возачот нема алкохол во крвта.