Еурофарм ќе се одјави од Лигата на шампионите со пресметка против Бидасоа Ирун

Македонскиот ракометен вицешампион Еурофарм Работник, во дебитантската сезона од регионалното натпреаврување и во Лигата на шампионите не ги постигнува посакуваните резултати. Како епилог на тоа клубот ја прекина соработката со тренерот Стевче Алушевски.

Пред битолчани е нов предизвик од Лигата на шампионите, во последното 10. коло од групата  Ц пред своите гледачи в сабота (17.30 часот) ќе играат со шпанскиот претставник Бидасоа Ирун, кој е првопласиран во групата без пораз, шест победи и три нерешени исходи во досегашниот тек од елитното натпреаврување.

-По еден турболентен период за нас, ни предстои последниот натпревар во групата од Лигата на шампионите. Бидасоа Ирун по мое мислење покажа најмногу и затоа е лидер во групата. Им ја препуштаме фаворитската улога и на новата пресметка. Очекуваме да дека ќе се издигнеме и со максимално залагање да се обидеме да ги победиме, вели капитенот Гоце Ојлески.

Еурофарм Работник има само една победа во групата и тоа против второпласираниот Савехоф во седмото коло. Битолчани ги загуби останатите натпревари во групното натпреаврување. Го платија данокот на неискуствоо во елитното натпреаврување.

Треба да знаете
Последни објави