Зајакнување на родова еднаквост во средните стручни училишта, преку едукација на младите девојки при изборот на идна професија

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, канадската амбасадорка, Кати Ксаба и директорот на Агенција за млади и спорт,  Дарко Каевски денеска учествуваа на настан “Зајакнување на родова еднаквост во средните стручни училишта, преку едукација на младите девојки при изборот на идна професија”. Настанот беше организиран од организациите  Аналитика тинк-тенк и Аспект во рамките на проектот за јакњење на родовата еднаквост Целта на проектот е зајакнување на родовата еднаквост во стручните средни училишта за млади девојки при избор на идна професија преку едукација со цел зголемување на поддршката од страна на локалната заедница за родова еднаквост поддржан од Амбасадата на Канада за Србија, Црна Гора и Северна Македонија.

Министерката Царовска истакна дека посебно и е драго што за родовите прашања се дискутира со младите лица во Северна Македонија и ги повика да ги почитуваат различностите.

„Нема борба на мажите и жените во нашата држава ниту во светот. Едноставно потребно е да ги искористиме сите ресурси во нашата држава поддеднакво за да може да го постигнеме максималниот потенцијал. Ако погледнеме малку во бројки ќе погледнеме дека половина од женскиот потенцијал во нашата држава не е неискористен и може да дискутираме зошто. Сметам девојките и момците во нашата држава се многу посвесни за сите овие случувања во дисбалансот во моќ отколку ние повозрасните и уште повеќе највозрасните“ , рече Царовска.

Амбасадорката на Канада во РС Македонија Кати Ксаба, ја потенцираше важноста од кампањата и значењето на родовата еднаквост. Воедно потенцираше и дека на родовата еднаквост треба да се работи уште од мали нозе бидејќи од тогаш почнува поделбата на професиите кога на децата им се делат различни играчки.

„Токму затоа низ светот далеку помалку девојчиња студираат теми како што е науката, технологијата, инженерствотои математиката. Тоа резултира со се помалку жени кои работат на тие полиња. Оваа кампања воедно е потсетник дека ние мора сите да помогнеме да се изгради општество во кое што родовото насилство нема да биде присутно. “, истајна Ксаба.

Директорот на Агенцијата за млади и спорт Дарко Каевски пак истакна дека користат раазлични кампањи преку кои апелираат за вклучување на жената во спортот бидејќи здравот општество зависи од родовата еднаквост.

„Агенцијата за млади и спорт во изминатиот период силно се бори за родовата еднаквост особено во спортот каде каде што и доминанствно е изразена е таа разлика помеѓу мажите и жените. Така да преку голем број на проекти и мотиви за вклучување на жената во спортот праќаме една силна јасна, недвосмислена, концизна порака за едно општество да биде здраво, за да напредува да има приоритети да има перспективи мораме да имаме родова еднаквост“, рече Каевски.

На настанот присуствуваа претставници од средни училишта, локалната самоуправа и државните институции.

 

Треба да знаете
Последни објави