Бројот на жртвите од катастрофалниот земјотрес во Албанија се искачи на 46. Од под урнатните на нивната куќа во областа Кенета се излечени безживотните тела на четри членови од семејството Лала. Жртви се три деца, две од нив близнаци Дионис и Диониса, нивниот шестгодишен брат Емилио и мајка им Марјета(31).
Пронајдени се во прегратките на нивната мајка. Од ова семејство претходно беше извлечено безживотно тело на уште еден негов член.
Спасувачката акција е завршена во Туман и кај шесткатницата во Драч.
Според Mинистерството за здравство, во болниците медицинска помош добиле над 790 лица во Драч и Клиниката за трауматологија во Тирана.
Националната ургентна служба одговорила на 4.411 повици за помош уште од моментот на земјотресот што се случи неколку минути пред четири часот наутро на 26 ноември и извршила 1.106 мисии на брза помош.