Конзервативците на британскиот премиер Борис Џонсон го соборија рекордот за сума на пари собрани во текот на првите две недели од предизборна кампања.
Бројките на изборната комисија покажуваат дека во првите две недели од кампањата што ќе ја одреди европската иднина на Велика Британија, конзервативците собрале 8,6 милиони фунти, додека лабуристите собрале 3,7 милиони фунти.
Ова е вторпат годинава Џонсон да постигне рекорд во примените политички донации, истиот беше и во текот на летото.
По првата недела од кампањата, кога конзервативците собраа 26 пати повеќе политички донации од лабуристите, најголемата опозициска партија го намали финансискиот јаз со собирање на 3,5 милиони фунти, скоро сите од синдикати.
Најголемата донација од три милиони фунти добиле од синдикатот Јунајт.