Македонските надежи ја налутија Србија и добија „петка“

Македонската репрезентација за фудбалери до 18 години, загуби со 1:5 од соодветната селекција на Србија, во пријателски натпревар одигран денеска на тренинг центарот „Петар Милошевски” во Скопје.

Нашите јуниори поведоа со голот на Дамјан Трајановски во седма минута со гол од слободен удар, но потоа гостите направија пресврт и дојдоа до убедлив триумф. При негатива од 1:3, националниот тим на С. Македонија утна пенал, кој не го реализираше Хамза Рамани. Рамани ја погоди стативата.

Ова беше возвратна средба, откако првиот меч заврши со 1:0 за нашите северни соседи. Селектор на оваа генерација македонски фудбалери е Шкумбин Арслани.

Треба да знаете
Последни објави