Министерство за култура:  Не е точно дека е прекината работата на работната група за потпишување на колективниот договор

Во врска со реакциите на Советот на СКРМ дека е прекината работата на работната група за колективниот договор, Министерството за култура информира за следново: Не е точно дека е прекината работата на работната група за потпишување на колективниот договор, туку во изминатите денови подгрупите работат на детална анализа и финансиската пресметка на средствата кои се потребни за потпишување и примена на колективниот договор.

Министерството за култура како и досега, така и во иднина ќе ги поддржува вработените во културата за остварување на нивните барања и посветено, заедно со сите чинители во културата и со претставниците на СКРМ и на СОНК ќе работи на унапредување на условите во културата.

Преговорите за колективниот договор продолжуваат веќе во понеделник во 13 часот за кога ќе биде закажан состанок со работната група.

Треба да знаете
Последни објави