Одлуката на судот во Загреб старателството над Александар да го додели на таткото Милан Поповиќ силно ја повреди мајката Северина Којиќ, но очигледно е дека таткото е задоволен со оваа пресуда.
-Александар ќе продолжи да оди во училиште во Загреб, не кажувам во кое, бидејќи тоа е веќе навлегување во приватноста на малолетно дете. Конечно ќе продолжи да оди во училиште, а не по концерти. Изгубил доста од наставата, па ќе мора да платам дополнителни часови за да надомести за изгубениот материјал, изјави Поповиќ.
Тој наводно, купил нова куќа во која има соба за Александар, а своите професионални обврски ги организирал така што ќе може повеќе време да поминува со него и другите двајца синови од другиот брак.
-Нема да дозволам дадилки и баби и дедовци да се грижат за син ми, тоа треба да го прават родителите“, изјавил Поповиќ.
Според пресудата, Северина ќе може да го гледа синот Александар само два дена во неделата и секој втор викенд од сабота наутро до недела навечер.