Пошта на Северна Македонија во соработка со Црвениот крст организира собирање на основна и неопходна помош, во знак на солидарност и помош за настраданите од несреќата што ја погоди Албанија. Како што се наведува, помошта треба да се состои од: Конзервирана храна, ќебиња, средства за хигиена и паричен придонес според можностите.
Почнувајќи од денеска (28 ноември) до 30 ноември (сабота), вашата помош може да ја доставите на шалтерите на Пошта на Северна Македонија. Исто така, може да донирате 100 денари со повик на: 070/143-400 075/143-400 077/143-400.
Заинтересирани лица и компании може да донираат и преку жиро-сметката на фондот за солидарност 300000001327966.
BANK NAME: KOMERCIJALNA BANKA AD SKOPJE
BANK ADDRESS: UL. ORCE NIKOLOV NO.3, 1000 SKOPJE, NORTH MACEDONIA
BANK ACCOUNT: 300000000000133 25730522-11
SWIFT CODE: KOBSMK2X
IBAN CODE: MK07300701000001228