„Единствено социјалните стандарди на граѓаните даваат успех. Таму каде што има социјална благосостојба каде севкупниот амбиент е навистина добар, тоа е она што ги прави задоволни сите граѓани. Имаме прираст од 637 повеќе новородениотколку починати. Ваквите споредби ги правам заради драматургијата со која ги кажувате податоците“, одговори премиерот Заев на пратеничко прашање осврнувајќи се на трендот на новородени во последните осум години.
„Но, вистината и податоците велат, во 2010 се 24.507 новородени, 2014 се 23.334, во 2017 се 21.754. Паѓал трендот осум години наназад. Трошевте милиони, не знам што правевте.Тоа докажува дека треба да бидеме одговорни, да носиме заеднички политики, граѓаните да не гледаат заедно дека понекогаш застануваме заедно зад некои прашања од интерес на државата“, рече премиерот Заев додавајќи дека со создавање на таков амбиент државата ќе биде поуспешна заради тоа што и економските политики ќе носат подобар резултат, сигурен амбиент и за младите кои потоа создаваат и повеќедетни семејства чувствувајќи се сигурни во својата земја.
Тој додаде дека политиките што сега се спроведуваат, растот на платите, новоотворените работни места, младинскиот додаток ќе донесат промени и на овој план.
„Јас сум сигурен дека доаѓа такво време. Единствениот исправен начин на којшто можеме да се надеваме дека овие бројки кои што носат горчина ќе ги поправиме, се патот на интеграциите. Затоа с што рековме. Или колективно ќе одиме во Европа или ќе продолжат индивидуално да ни заминуваат во Европа. Затоа треба да продолжиме со одговорни политики кои што ќе ги мотивираат младите да останат. И следното е да почнат да се враќаат“, рече премиерот Зев давајќи примери од други земји, членки на ЕУ, како Латвија, земјите на Вишеградската група, каде младите почнале да се враќаат по повеќе од десетици години кога се создале поволни економски и социјални услови.
„На крајот на денот и Договорот со Бугарија и Грција и НАТО и ЕУ и едно општество за сите, е за тоа. За младите, за децата, за идните генерации“ , рече премиерот Заев посочувајќи дека за тоа дека сме на правиот пат во градењето на праведна држава добиваме потврда од сите пријателски земји.