„Во јули имаме зголемен прилив на средства од Данокот на додадена вредност (ДДВ) за 15 милиони евра, повеќе од јули 2018 година. Во август месец имаме за 17 милиони евра поголем прилив од ДДВ и од акцизи. Септември и октомври за 20 милиони евра. Имаме 70 милиони евра поголема наплата само за четири месеци што е огромен прилив за државата и ја отстранува сивата економија“, рече премиерот Зоран Заев одговарајќи на пратеничко прашање во врска со досега преземените економски мерки во делот на борбата со сивата економија.
Тој додаде дека и мерката за супституирање на придонесите на плати, која стартува од 1 декември е одлична мерка за отстранување на плаќањетона рака, во кеш. На вработените.
„Ќе продолжиме со новите мерки кои што ги реализираме, а тоа е меѓу први и 15-тиод идниот месец, за прв пат граѓаните добијат поврат на ДДВ и ќе бидат уште помотивирани бидејќи ќе видат дека пари се враќаат. Крајот на декември ќе биде воведена и наградната игра, утврдена со Одлука на Влада за што ќе се мотивираат и побогатите, бидејќи како мотив за барање сметки, со што се намалува сивата економија ќе имаат шанса да добијат дополнителен приход од наградите вредни илјадници евра“, оцени премиерот Заев додавајќи дека и податоците од здруженијата на Стопанските комори покажуваат дека борбата против сивата економија покажува резултати.
Тој изрази уверување дека и понатаму ќе продолжи успешното спроведување на мерките и посочи дека севкупните приходи во државата досега во делот на исполнувањето се над седум проценти и во такви околности, имајќи ги предвид и претседателските избори,Владатапроектирашеоптимален Буџет со раст на приходите од 5,6 проценти.
„Податоците од Државниот завод за статистика, податоците од полнењето на Буџетот, податоците од сите економски параметри кои што ги гледаме, покажуваат севкупен раст и на индустриското производство, севкупен раст којшто се темели на 122 проценти раст досега во енергетиката, два проценти во интермедијарни производи освен енергија, седум проценти во капитални производи, трајни производи за широка потрошувачка,преработувачката индустрија 3,2 проценти, производство на пијалоци и прехранбени производи 112,5 проценти, производство на тутун 106 проценти, на текстил 109,2 проценти“, истакна премиерот Заев.
Тој информираше дека во октомври месец севкупното индустриско производство е пораснато за 4,2 проценти, а од почетокот на годината досега севкупното индустриско производство е пораснато за 5,4 проценти.
„Дебатата во Западна Европа е дали да е 0,5 дали 0,7 проценти дали 1, процент“, рече Премиерот пред пратениците.
„Согласно сите тенденции ова и тоа како е економска година во државата. Заедно со реализирани претседателски избори во првото полугодие имаме раст од 3,6 проценти и сегашните индикатори, ни даваат за право да очекуваме дека третиот квартал ќе биде над 3,6 проценти. Сето тоа го таргетираме со проектирање од 3,8 проценти раст на БДП за идната година“, рече претседателот на Владата, додавајќи дека сите податоци и полнењето на Буџетот досега и статистичките податоции од Централната банка покажуваат дека оваа година економските резултати се одлични и дека трендот ќе продолжи.