Албанскиот премиер Еди Рама денеска апелираше до своите сонародници во државата и странство дека на погодените од земјотресот повеќе да не им се испраќа храна и облека, туку да се придонесе финансиски.
Рама на својот Фејсбук профил напиша дека складиштата се полни со храна и облека и истакна дека сега е време за донации со пари преку отворени интернет платформи.
„Пристаништето Драч повеќе нема капацитет за складирање, потребите за храна и облека се задоволени, благодарение на многу луѓе, организации, фирми, институциии од внатрешноста на Албанија и надвор”, наведе Рама заблагодарувајќи им се на сите за донациите како и на разбирањето.