Индустриското производство во октомври годинава во однос на октомври лани е зголемено за 4,2 отсто, додека во периодот јануари-октомври споредено со истиот период лани бележи пораст од 5,4 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика.
Гледано по сектори, во октомври годинава споредено со октомври лани, опаѓање има во секторите „Рударство и вадење камен” за 11 проценти и „Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација” за 5,5 проценти, а пораст од 7,8 проценти .во секторот „Преработувачка индустрија”.
Според главните индустриски групи, производството во октомври 2019 година, во однос на октомври 2018 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 3,2 проценти, Капитални производи за 12.5 проценти и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 6,2 проценти, додека опаѓање бележи кај Енергија за 8,5 проценти и Трајни производи за широка потрошувачка за 5,3 проценти.