Сојузот на стопански комори на Македонија институционално ги зајакнува воспоставените релации со инспекциските служби се со цел подобрување на соработката во интерес на компаниите. Во таа насока Габрила Кулебанова, потпретседател на ССК и директорот на Државниот инспекторат за труд Аљајдим Хавзиу со договор за соработка во присуство на компании од приватниот сектори и претставници на инспекторатот ги прецизираа заедничките стратешки цели на делување за следниот период. Директорот на Државниот инспекторат за труд, Хавзиу ја нагласи важноста од соработката и заедничките цели на делување кога станува збор за сузбивање на нелојална конкуренција и едукативната улога која треба да ја има инспекторатот се со цел подобрување на севкупниот деловен амбиент. Кулебанова истакна дека заеднички ќе се дејствува во борбата против сивата економија и нелојалната конкуренција, моменталната состојба на пазарот на труд и реална бројка на лица кои остваруваат приходи, а немаат здравствено и пензиско осигурување, како и инспекциските контроли од трудовиот инспекторат.