Шарли Икс-Си-Икс лута дека не ја сфаќаат сериозно како музичар: „Да бев маж, ќе бев повеќе почитувана“

Шарли ИксСиИкс е уморна од тоа како музичката индустрија ги третира жените и тврди дека за нив важи поинаков стандард од тој за мажите.

Пејачката на Boom Clap на својот Твитер објави серија пораки во кои детално ги опишува некои од нејзините најдлабоки мисли.

Таа ги повика оние кои не ја сфаќаат сериозно како музичар да престанат со скептицизам и навреди.

Шарли (27) напиша: „Јас сум уметник, текстописец кој напишал многубројни хитови за себе и за други изведувачи, видео режисер, извршен продуцент на netflix шоуто и на a&r, ко-менаџирам двајца уметници. Ако бев маж, ќе ме ценеа како некој вид бог на музичката индустрија, но како жена, се сомневаат во мене??“

Таа продолжи: „Нема потреба луѓето да ме жалат или слично  – само кажувам како е. Жените во оваа индустрија и нивниот квалитет постојано се оспорува … „Дали таа навистина го напишала ова? Може ли таа да продуцира? Дали таа навистина знае што прави?” напиша Шарли на својот Твитер, и додаде „Јас цело време се соочувам со ова“.

Таа ги повика компетентните да престанат со критики, потенцирајќи дека тоа не го бара само за себе туку за сите жени: „Очигледно е дека сите женски поп-ѕвезди во 2019 година се деловни жени: водат своја кариера, донесувааат сами одлуки, менаџираат свои тимови, создаваат уметност ……и сето ова е толку очигледно. Немојте да не навредувате!“

 

Треба да знаете
Последни објави