Џенифер Лопез во шик издание на прошетка со вереникот и ќерката

Таа имаше напорна година, со главна меѓународна турнеја и хит во бокс-офисот кој ветува многу награди, па дури и Оскар.

А токму пред Денот на благодарноста, Џенифер Лопез уживаше во квалитетно време со семејството.

Во средата, Лопез во спортски а сепак елегантен аутфит излезе со свршеникот Алекс Родригез и ќерката Еме на ручек во Беверли Хилс.

50-годишната Лопез на себе имаше црн џемпер со празнично црвен и бел принт и златни копчиња. Џемперот делумично беше вовлечен во бели панталони, а преку него црна долга јакна.

Својот апсолутно „ин“ изглед го надополни со очила за сонце Том Форд, обетки од бело злато, бордо кожни чевли и чорапи во слична нијанса.

Вереникот Алекс (44), кого папараците го забележаа одејќи во нејзина близина,  на себе имаше класична тексас јакна и фармерки од црн тексас.

 

 

Треба да знаете
Последни објави