Австрија: Месото за виенска шницла доаѓа од Холандија

Оригиналнaта виенска шницла е направена од телешко месо, а во 80 отсто случаи станува збор за телешко месо увезено од Холандија.

„Дури 80 проценти од рестораните користат телешко месо од Холандија“, рече директорот на Работната група „Говедско“, Вернер Хаберман.

Тој објасни дека ваквата состојба се должи на огромниот притисок на цените на пазарот на говедско месо.

Австрија, рече тој, извезува 80.000 телиња годишно, бидејќи ниту еден домашен земјоделец не може да си дозволи товење на говеда.

„Тоа телешко месо подоцна се враќа од Холандија“, додаде Хаберман.

„Виенската шницла во нашите ресторани е всушност холандски стек“, рече тој, барајќи задолжително да се означи потеклото на месото по примерот на Швајцарија и Франција.

 

Треба да знаете
Последни објави