Осумдесет и двегодишната Вилма Џејн Грејнор од Велика Британија веќе 80 години ја украсува истата елка. Малото вештачко дрвце што го добила во 1937 година ја преживеало Втората светска војна, како и 16 миграции низ целата земја.
Внуката на Џејн, Кејтлин (23), вели дека тоа дрвце е важен дел од нивното семејство.
„Пораснав со приказните за оваа елка, таа е дел од семејната историја“, вели таа.
Украсите исто така имаат посебна историја. Уште како малечка правела украси од стара хартија во која биле завиткани крекери, но и од старите обетки на нејзината мајка.
Вилма, која исто така е прабаба, вели дека елката преживеала 6 преселби и дека притоа нејзиното дрво секогаш било најдобро обезбедено.
Таа се надева дека нејзините потомци подеднакво ќе ја ценат и ќе ја сакаат елката дури и кога таа нема да биде меѓу живите.