Бројот на загинати од земјотресот 46, над две илјади добиле лекарска помош

Бројот на жртвите од катастрофалниот земјотресот што утрото на 26 ноември ја погоди Албанија се искачи на 46.

Од под урнатните на нивната куќа во областа Кенета се излечени безживотните тела на четри членови од семејството Лала. Жртви се три деца,две од нив близнаци Дионис и Диониса, нивниот шест годишен брат Емилио и мајка им Марјета(31). Сликата била трогателна.Пронајдени се во прегратките на нивната мајка. Од ова семејство претходно беше извлечено безживотно тело на уште еден негов член.

Спасувачката акција е завршена во Туман и кај шесткатницата во Драч.

Според Mинистерството за здравство во болниците медицинска помош добиле над 790 лица во Драч и Клиниката за трауматологија во Тирана.

-Во моментов има 62 повредени, чија состојба е стабилна, со исклучок на три лица кои се уште се на интензивна нега и едно лице во тешка состојба во Клиниката за трауматологија. Покрај граѓаните кои примаат третман во болниците, направени се 886 медицински посети на жители погодени од земјотрес кои примаат третман во здравствени центри кои работат 24/7 отворени во близина на погодените области, додека 335 лица добиле медицинска помош во камповите во Туман и во Драч,соопшти министертвото.

Националната ургентна служба одговорила на 4.411 повици за помош уште од моментот на земјотресот што се случи неколку минути пред четири часот наутро на 26 ноември и извршила 1.106 мисии на брза помош.

Сите болници и здравствени центри во близина на подрачјата погодени од земјотрес се во целосна готовност.

Мнстертвото за одбрана потврди дека на терен сеуште се над 5.000 припадници на албанската армија, полицијата, лекари, медициски сестри, вработен во локаланата самоуправа и волонтери.

Треба да знаете
Последни објави