Во Конго убиени тројца членови на тимот за борба против ебола

Тројца членови на медицинскиот тим за борба против ебола во Конго загинаа, а неколкумина се повредени во вчерашните напади врз два центри во источниот дел на Конго, соопштија локалните власти и здравствените служби.

– Нашите извори велат дека нападите ги извршиле бунтовниците Маи Маи, изјави Жан Жак Мујембе, водач на тимот во Демократска Република Конго.

– Тоа е тежок удар врз нашите напори во борбата против еболата, додаде тој.

Главниот директор на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебреизус на Твитер напиша дека главниот фокус на СЗО во моментов е „да се згрижат повредените и да се осигура дека персоналот на други локации е безбеден”.

Тој објасни дека нападот се случил во Мангини, село каде почна епидемијата на ебола пред повеќе од една година, и во Бијакат.

Треба да знаете
Последни објави