Кинезите лути поради законот на Трамп за поддршка на протестите во Хонгконг

Кина го повика на разговор американскиот амбасадор Тери Бренштад за да изрази „силен протест“ поради одлуката на претседателот Доналд Трамп да потпише закон за човекови права во Хонгконг.

Трамп претходно го потпиша законот, што го усвои Конгресот, за поддршка на демонстрантите во Хонгконг и санкции врз кинеските власти, пренесува „Ројтерс“.

Кинескиот заменик-министер за надворешни работи, Ле Јученг, му рече на амбасадорот на САД дека таквиот потег претставува „сериозно мешање во внатрешните работи на Кина и сериозно кршење на меѓународното право“, пренесува АП.

Ле го нарече овој потег на Трамп „отворен хегемонистички чин“ и ги повика САД да не го спроведуваат законот за да спречат создавање на поголемa штета во односите меѓу САД и Кина.

Претходно објавеното соопштение на кинеското Министерство за надворешни работи остро го осуди потпишувањето на законот и ја објави реакцијата на Кина.

Во соопштението се вели дека сите луѓе на Хонгконг и Кина се спротивставиле на одлуката.

Сепак, според АП, не е јасно како точно ќе реагира Кина.

Треба да знаете
Последни објави