Кошаркарот на ЛА Лејкерс, Леброн Џејмс ја достигна границата од 33 илјади постигнати поени во НБА-лигата.
Тој ноќеска на средбата со Њу Орлеанс постигна 29 поени и стана четвртиот играч во историјата на најсилната светска кошаркарска лига кој стигнал до бројката од 33 илјади поени.
Повеќе поени од него имаат постигнато Коби Брајант (33.643), Карл Мелоун и (36.928) и Карим Абдул Џабар (38.387).