„Ве молам простете ми поради ваквиот тек на настаните. Настапувањето секоја вечер ми носи голема радост. Откажувањето е казна за мене, но болката што ја чувствувам сега е огромна и треба да се одморам и да ги следам упатствата на лекарот за да се вратам посилна и подобра и да го продолжам патувањето на Мадам Х со сите вас – напиша пејачката Мадона (61) на „Инстаграм“, порачувајќи им на обожавателите дека мора да ги откаже настапите.
Пејачката откажа неколку настапи како дел од нејзината турнеја „Мадам Х“ поради здравствени проблеми, а фановите ја изразија својата желба за брзо закрепнување во коментарите. Тие се загрижени за нејзиното здравје.
Продолжението на турнејата на Мадона се очекува на 7 декември кога турнејата ќе продолжи во Филаделфија. Откажаните настапи нема да добијат нови датуми, но на обожавателите автоматски ќе им бидат вратени парите од дистрибутерите на билети.