МЗТ Скопје планира да им се врати на гостинските победи кај Динамик

Македонскиот кошаркарски првак и претставник во регионалното натпреаврување МЗТ Скопје Аеродором вечерва (18 часот) во Белград ќе го одиграа мечот од 9. коло во АБА 2 лигата против  Динамик. По победата на домашен терен против екипата на Широки, скопјани очекуваат да ја прекинат серија на лоши резултати од двете последни гостувањата кај Сутјеска и Хелиос Домжале. МЗТ Скопје е третопласиран за водечкиот двоец Борац Чачак и Хелиос, зад кои има еден бод помалку, но и натпреавр помалку од словенечкиот лигаш.

Како загревање за регионалниот предизвик избраниците на тренерот Ѓорѓи Кочов го растурија во македонското дерби лутиот ривал Работнички и со многу поголема самодоверба вечерва ќе излезат на мегдан со осмопалсираниот Динамик.

-Противникот располага со малд и талентиран состав кој е физички добро подготвен. Имаме искуство од минатата сезона и се надевам на поинаков епилог на крајот од средбата. Би биле среќни ако успееме да победиме, вели Кочов.

 

Треба да знаете
Последни објави