Пејачката, Туна Сејди и дел од музичката естрада одржаа прес-конференција во врска со заедничката иницијатива за донации за помош и поддршка на настраданите од земјотресот во Албанија. На прес-конференцијата беше соопштено дека заклучно со 9 часот денеска, преку телефонските бореви за донации 143-400, биле собрани 2.467.000 денари. Исто така беше упатен апел до сите граѓани и компании во државата да донираат и продукти, но пред сѐ парични средства бидејќи, како што беше речено, важен е процесот на рехабилитација на настраданите во земјотресите во Албанија, а тоа најдобро се прави со парична помош.
На прес-конфернецијата говореа генералниот секретар на Црвен крст на Република Северна Македонија, Саит Саити, бизнисменот Енвер Малиќи, пејачката Туна Сејди и други естрадни уметници кои исто така донираа финансиски средства за настраданите.