Ретка појава: бебе родено бремено, итно му бил потребен царски рез

Кога ултразвукот покажал дека има две папочни врвци во Моника Вега кога била во седмиот месец од бременоста, мислеле дека ќе роди близнаци, а не едно дете. Но, едно од нејзините неродени деца, всушност, било апсорбирано од другиот фетус.

Оваа состојба на бремената Колумбијка е позната како плод во плод (фетус ин фету) и е исклучително ретка. Според извештајот за 2010 година на Националниот институт за здравство, овој медицински феномен се јавува кај едно на секои 50.000 раѓања.

За жал, во случајот на Вега за оваа состојба не само што бил потребен итен царски рез за неа, туку и за нејзиното бебе, кого го нарекла Ицмара. Девојчето претрпело царски рез кога имало само еден ден, пренесува АТИ.

Во овој случај, според Мамес Латинас, само една папочна врвца е поврзана на нормален начин – помеѓу Ицмара и нејзината мајка. Во меѓувреме, друга врвца ја поврзувала Ицмара со мртов фетус, кој продолжил да расте во неа како паразитски близнак.

И покрај недостатокот на срце и мозок, мртвиот фетус растел со голема брзина. Неговата големина ризикува оштетување на внатрешните органи на здравото бебе. Тоа значи дека биле неопходни итни операции за да се спасат здравото бебе и неговата мајка. Немало време да за губење.

Во медицински списанија се забележани помалку од 200 случаи на фетус ин фету, но и покрај трагедијата да се изгуби едно дете пред да му се даде шанса во животот, сценариото на Вега всушност било еден од најсреќните случаи.

Треба да знаете
Последни објави