Средношколец од „Арсени Јовков“прободен со нож

Средношколец во СУГС „Арсени Јовков“ бил прободен со нож од соученик, попладнево за време на расправија, дознава 24 Инфо.

Инцидентот го потврдија од МВР.

-Во 11.08 часот во СВР Скопје било пријавено дека во ГОБ „Наум Охридски“ било донесено повредено малолетно лице. Според пријавеното, малолетникот околу 10.50 часот по претходна вербална расправија, бил нападнат со остар предмет од негов врсник од истото училиште. Напаѓачот е обезбеден од страна на полициски службеници и заедно со родителот се упатени во ПС Чаир, велат од МВР.

Како што дознава 24 Инфо, повредениот средношколец бил сериозно повреден, но сега е во стабилна состојба.

Треба да знаете
Последни објави