Швајцарскиот тенисер Роџер Федерер, постепено ќе ја завршува својата кариера, а прв чекор кон пензионирањето му е неиграњето на турнири на земјена подлога.
Федерер објави дека во следната сезона, ќе игра само на еден турнир на земја, и тоа парискиот гренд-слем „Ролан Гарос”. Федерер ќе се фокусира на играњето на тврда подлога, како и на виблдонската трева.
Федерер не играше во Париз во 2016, 2017 и 2018 година поради повреди и приватни причини, а кога се појави пролетоска и стигна до полуфиналето, многумина мислеа дека тоа е негов последен настап.
Сепак, Федерер планира да игра и во 2020 година.