Таа имаше напорна година, со главна меѓународна турнеја и хит во бокс-офисот кој ветува многу награди, па дури и Оскар.
А токму пред Денот на благодарноста, Џенифер Лопез уживаше во квалитетно време со семејството.
Во средата, Лопез во спортски а сепак елегантен аутфит излезе со свршеникот Алекс Родригез и ќерката Еме на ручек во Беверли Хилс.
50-годишната Лопез на себе имаше црн џемпер со празнично црвен и бел принт и златни копчиња. Џемперот делумично беше вовлечен во бели панталони, а преку него црна долга јакна.
Својот апсолутно „ин“ изглед го надополни со очила за сонце Том Форд, обетки од бело злато, бордо кожни чевли и чорапи во слична нијанса.
Вереникот Алекс (44), кого папараците го забележаа одејќи во нејзина близина, на себе имаше класична тексас јакна и фармерки од црн тексас.