Британската полиција објави дека инцидентот кој денеска се случи на Лондонскиот мост го третира како тероризам, а мостот е затворен за сообраќај.
Еден од сведоците на нападот го снимил моментот кога напаѓачот бил застрелан од страна на полицијата.
Како што информираат светските медиуми, нападот бил извршен со нож, а во него повредени се повеќе лица.
Новинар на Би-би-си соопшти дека луѓето биле итно отстранети од областа, а евакуирани биле и ресторани и продавници во близина на мостот.