Полицијата уапсила двајца скопјани кои се возеле со четиицикл, откако не сакале да запрат, информираше МВР.
-На 28.11.2019 околу 21.00 часот на улица Методија Андонов Ченто полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода Б.А.(22) и В.А.(18), и двајцата од Скопје, бидејќи при даден знак за запирање на четирицикл, без регистарски ознаки, на кој се превезувале, не постапиле по наредбата, а потоа изгубиле контрола над четирициклот и се превртеле. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.