Зијадин Села во Драч со медицински тим предовден од Арбен Таравари

Претседателот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села и генералниот секретар на оваа политичка партија, Арбен Таравари, беа на посета во областите погодени од земјотресот во Драч.

Како што информираат од Алијанса за Албанците, раководството одблиску ја согледало тешката состојба на семејствата кои ги напуштиле своите домови.

Заедно со Зијадин Села и Арбен Таравари, во посетата учествувал и медицински тим кој прегледал некои од повредените во катастрофалниот земјотрес.

Самиот Арбен Таравари, извршил контрола на неколу деца од центрите за привремен третман, охрабрувајќи ги да најдат сила да се справат со преживеаната траума.

Треба да знаете
Последни објави