Малолетник и пензионер биле физички нападнати, вчера од возачи на автобуси во два одвоени инциденти, информираше МВР.
-На 28.11.2019 во 9 часот во СВР Скопје, Е.И.(68) од Скопје, пријавил дека околу 8 часот на автобуска постојка на булевар Партизанска бил физички нападнат од возач на автобус бр.19. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.
Истата вечер Н.Г.(36) од Скопје пријавил дека во 13.15 часот на улицата Киро Фетак неговиот малолетен син бил физички нападнат од лицето кое го управувало автобусот на ЈСП со бр.41. ж