Министерката за одбрана Радмила Шекеринска, директорот на Универзитетот ФОН, Сефер Цановски и ректорот Нано Ружин ќе потпишат Меморандум за соработка помеѓу Министерството и Универзитетот.
Меморандумот вклучува соработка на експертски и професионални тимови, изработка на магистерски и докторски трудови за проекти во областа на одбраната и заедничка работа на апликативни проекти.
Овој Меморандум, соопштија од МО, вклучува и стипендирање студенти од страна на Министерството, стипендирање на вработени во Министерството на постдипломски студии од страна на Универзитетот, како и обезбедување студентска пракса за студенти кои се од интерес за Министерството и за одбранбениот сектор.