Грчката медицинска заедница беше шокирана од веста дека осумгодишно девојче починало од дифтерија, заразна болест која била искоренета пред триесет години. Локалните медиуми објавија дека девојчето, најверојатно, не било вакцинирано. Детето во средата било пренесено во болница во многу лоша состојба и лекарите не биле во можност да ја спасат. Манолис Папасавал, раководител на педијатрија, рече дека девојчето најверојатно не ја примило тројната вакцина против дифтерија која требало да ја добие како двомесечно бебе.
Министерството за здравство го истражува случајот, а официјалните соопштенија се очекуваат наскоро. Последната смрт на дете предизвикана од дифтерија е забележана пред три децении.