Италијанската полиција откри заговор за формирање нова нацистичка партија и запленила повеќе парчиња оружја за време на претресите извршени низ целата земја.
Истрагата беше покрената пред две години во 16 градови од Сицилија до Алпите, пренесуваат агенциите.
Во првото соопштение не се наведува колку лица се приклучиле на групата, ниту колку биле уапсени, но полицијата тврди дека групата од Италија воспоставила врски со екстремистички групи во Португалија, Велика Британија и Франција.