Позначајни движења кај останатите финансиски институции (ОФИ): трет квартал на 2019 година

Вкупните средства на останатите финансиски институции (ОФИ), на крајот од третиот квартал од оваа година изнесуваат 119.254 милиони денари и бележат раст од 3,6% на квартално и 14,8% на годишно ниво. Пензиските фондови и натаму имаат најголемо учество во вкупните средства на ОФИ од 63,5%, а по нив следуваат средствата на осигурителните друштва со учество од 20,9%.

Од аспект на финансиски инструменти, во структурата на средствата на ОФИ најзначајни се должничките и сопственичките хартии од вредност со збирно учество од 67,8%. Во структурата на обврските најзначајни се техничките резерви на осигурување и капиталните сметки со збирно учество од 91,0%.

НАПОМЕНА: Во останатите финансиски институции се вклучени: инвестициските фондови, пензиските фондови, осигурителните друштва, друштвата за управување со инвестициските фондови и друштвата за управување со пензиските фондови, финансиските друштва и друштвата даватели на финансиски лизинг.

Позначајни движења во платниот биланс во третиот квартал од 2019 година

Во третиот квартал од оваа година, меѓу другото:

– Во тековните трансакции со нерезидентите е остварен суфицит од 184 милиони евра.

– Во рамки на финансиските трансакции со нерезидентите се остварени нето-приливи кај директните инвестии и кај заемите.

– Девизните резерви бележат зголемување за 174,4 милиони евра.

 

Треба да знаете
Последни објави