Во Русија, објавувањето календар со фотографии од претседателот Владимир Путин стана годишна традиција.
Досега, тоа беше секогаш добра можност да се прикаже рускиот лидер како мачо маж, човек од акција. На фотографиите, рускиот претседател честопати без маица покажуваше вештини во стрелаштво или се занимаваше со активности на отворено.
Оваа година, фотографиите на календарот се малку поинакви, со главен фокус на Путин како меѓународен државник. Нема топлес фотографии, а претседателот е прикажан во костум и вратоврска.
Објавата на календарот за 2020 година доаѓа во време кога лидерот слави значајна годишнина: 20 години на највисоката положба на власта во Руската Федерација.
Така на календарот беа фотографии со американскиот претседател Доналд Трамп, наследникот на Саудиска Арабија Мохамед бин Салман, заедничка фотографија со претседателите на Франција и САД, Емануел Макрон и Трамп и германската канцеларка Ангела Меркел.
Еден дел од календарот е посветен и на љубовта на рускиот претседател кон животните.
На овој начин, календарот ја прикажа страната на Путин како силен шеф на државата, но и нежен човек.