Дирекцијата за полиција за криминал при Министерството за внатрешни работи на Република Српска (МУПРС) поднесе извештај против А.З. од Сараево под сомнение дека сторил кривични дела неовластен пристап до заштитен компјутер, компјутерска мрежа, телекомуникациска мрежа и електронски податоци и за уцени.
Тој е осомничен дека ги извршил овие престапи преку неовластен пристап до профили на „Фејсбук“ и „Инстаграм“, менувајќи ги пристапните шифри.По преземањето на профилот, тој проаоѓал експлицитни фотографии на жртвите, коишто ги уценувал и барал да му исплатат пари за да не ги објави. Полицијата конталтирала и со Интерпол во врска со хакерот од Хараево.