(Видео) Девојче заглавено во оџак го ваделе пожарникари, сакала крадешкум да влезе дома зашто не дошла на време

Девојче од Аризона (17) се обидело да влезе дома преку оџакот, затоа што останало во град подолго отколку што требало. Притоа таа се заглавила во оџакот и морале да ја спасуваат пожарникари. Се се случило ноќта пред Денот на благодарноста.

Според „Фокс 10“, пожарникарите добиле повик околу 5 часот по полноќ. Девојчето било пронајдено заглавено на дното, кое било запечатено.

Според пишувањето на медиумите, девојчето доцна се вратило дома со една пријателка, но вратата на нејзината куќа била заклучена. Бидејќи немало начин како да влезе без нејзините родители да дознаат кога ќе се врати дома, таа одлучила да се спушти низ оџакот.


Кога се заглавила, таа почнала да паничи.

„Таа ми рече да повикам полиција, дека не може да дише“, рече нејзината пријателка.

Девојчето било заглавено во оџакот околу 90 минути пред да пристигне помошта.

Пожарникарите успеале да ја извлечат неповредена, а целата операција траела 40 минути.

Пријателката вели дека нејзините родители биле многу лути.

Треба да знаете
Последни објави