Откако британскиот премиер Борис Џонсон одби да учествува на телевизиската дебата за климатските промени, продуцентите поставија ледена скулптура на неговото место.
Во дебатата во рамки на предизборната кампања учествуваа петмина лидери на партии, вклучувајќи го и лидерот на лабуристите Џереми Корбин.
Џонсон и лидерот на партијата за брегзит, Најџел Фараж, одбија да се појават, а на нивните места беа поставени скулптури кои се топеа за време на емисијата, пренесува АП.