Емери доби отказ, Љунгебрг нов тренер на Арсенал

Унаи Емери и дефинитивно од денеска повеќе не е менаџер на Арсенал откако лондонскиот клуб реши да ја прекине соработката со поранешниот стратег на ПСЖ и на Севилја. Улогата на привремен тренер ќе му припадне на поранешниот ас на Арсенал, Фреди Љунгберг, кој му беше асистент на Емери.

По вчерашниот пораз во ЛЕ од Ајнтрахт „топчиите“ беа седум средби без победа во сите натпреварувања, по што утрово беше одржан „кризен состанок“ на највисоките челници на клубот.

Единствена точка на дневниот ред беше судбината на тренерот,  по што експресно беше донесена одлуката Шпанецот да добие отказ.

 

Треба да знаете
Последни објави