Зоран Заев преку Уставниот суд создава можност после поразот на следните предвремени парламентарни избори да биде амнестиран за сите коруптивни афери и зделки познати во јавноста. Уставниот суд ќе создаде пракса, а Пендаровски треба да реализира.
Потписот на Заев врз одлуката на Уставниот суд најдобро се гледа во лицемерието со кое се одредуваат приоритетите на судот. Иницијативи кои се однесуваат на испитување на уставноста на многу посуштински закони со години се држат во фиока и не се разгледуваат, а без никакво образложение, по политичка наредба, се дава предност на предмет кој се однесува на Законот за помилување.
Оваа одлука на Уставниот суд е јасен показател дека тој, како и останатото судство, целосно се потчинија на волјата на Зоран Заев и СДСМ која моментално е на власт.
Дали е ова цената за продажбата на Македонија? Сето она што не се успеа да се исплати преку амнестиите во парламентот сега треба да биде довршено од Уставниот суд.
ВМРО-ДПМНЕ го повикува Зоран Заев да престане со притисоци врз судската власт и да престане да ја потценува македонската јавност со предлози и теми кои треба да го оттргнат вниманието од криминалот и корупцијата што во моментов ја пустошат Македонија.