Најбогатите луѓе во светот имаат една заедничка работа
Томас Корли пет години ги проучувал најбогатите луѓе во светот за да открие дали имаат некои заеднички карактеристики и заклучи дека сите ги одбегнуваат истиот тип на луѓе – песимистите.
– Милионерите многу внимаваат на тоа со какви луѓе се опкружени, успешен си толку колку се успешни и луѓето околу тебе. Затоа богаташите секогаш се дружат со луѓето кои се оптимисти, кои имаат ентузијазам и амбиции и кои секогаш позитивно гледаат во животот, напиша во неговата книга „Change Your Habits, Change Your Life“.
Од испитаниците, 86 отсто рекле дека се дружат со други успешни лица кои секогаш размислуваат за тоа како да постигнат нешто повеќе и дека ги одбегнуваат негативните личност, „токсичните“ луѓе.
– Долгорочниот успех е можен само ако позитивно гледате на својата околина, заклучи тој.