– Студенскиот парламент при Универзитетот во Тетово информира дека нивна делегација беше во Албанија каде во Драч ги посети населбите погодени со земјотресот, а воедно ја достави и хуманитарната помош собрана на универзитетскиот кампус. Облека, средства за хигиена, пакувања со храна, ќебиња и друго се оставени во Главниот штаб за итни случаи во Драч.
-Воедно собрани се финансиските средства од околу 6.000 евра, со доброволни прилози на студентите и академскиот кадар при Универзитетот во Тетово. Парите ќе бидат доставени преку единствената државна адреса што е веќе креирана од албанската Влада за таквов придонес. (https://e-albania.al/dhuro), информираат од Студенскиот парламент при УТ.
Вчера, Сенатот на Универзитетот во Тетово на седница одлучи да донира 10 илјади евра како помош за семејствата погодени од земјотресот во Албанија.