Избеган пациент од Психијатриска болница Негорци бил уапсен, информираше МВР.
-На 28.11.2019 во 11.50 часот во Полициска станица Радовиш бил лишен од слобода Д.А. (48) за кого била распишана централна потерница поради бегство од Психијатриска болница Негорци. Во 14.00 часот лицето е предадено во установата, велат од МВР.