Доколку во следните три месеци не земе тренерска Про лиценца, Швеѓанецот Фредрик Љунгберг, нема да може да го води Арсенал после тие 12 недели.
Љунгберг денеска е именуван за привремен тренер на Арсенал, откако „топчиите” му врачија отказ на досегашниот стратег Унаи Емери, со кого се разделија поле низата од седум натпревари по ред без победа.
Привремениот тренер ќе се обиде да го поправи билансот на Арсенал, но ако не добие Про лиценца, ќе смее да седи на клупата на премиерлигашот најдоцна до крајот на февруари. Во моментов, Љунгберг има само А лиценца од УЕФА, но не и Про.