Доколку сакаме да зборуваме сериозно за проширувањето на ЕУ, треба да го прифатиме францускиот нон-пејпер како една позиција, но сиргуно нема да биде прифатен како што е. Тоа е почетна точка, но нема да биде крајниот резултат, изјави Флориан Бибер, професор на Универзитетот во Грац, политички аналитичар и експерт за Балканот.
Ќе биде тешко да се очекува донесување нова методологија до јануари, бидејќи, како што рече, следува сезона на одмори во ЕУ и време на прилагодување на новата Европска комисија, но и да се чуе мислењето на другите земји членки.
– Сметам дека не треба да се брза. Ова е можност да се има сериозна дискусија како да се направи проширувањето на функционира. Не треба да речеме дела крајниот рок е поважен од содржината. Ако е потребен уште еден месец, тогаш треба да трае месец повеќе. Веројатно не е реалистично да очекуваме да се реши до крајот на јануари, изјави Бибер.
Крајната цел, посочи Бибер, треба да биде членство на земјите во ЕУ.
– Многу земји членки јасно кажаа дека новата методологија е прифатлива само доколку вклучува и датум, особено за Северна Македонија. Верувам дека тоа мора да биде на агендата. Секако дека може да се надеваме тоа да биде можно за време на хрватското претседателство. Тоа е реалистично и можно, но дали ќе биде постигнато или не зависи повеќе од динамиката, не толку во регионот, туку во самата ЕУ, особено меѓу Франција и Германија, изајви Бибер.
Денеска разговаравме, рече Бибер, дека е важно да прифатиме дека има криза на проширувањето и криза на кредибилитетот на ЕУ, но и дека постојат некои можности, особено што сега таа е многу повисоко на агендата на Европската унија.
– Француската позиција треба да се земе сериозно. Особено е проблематична, но има и добри идеи што може да излезат од тоа. Можеби ќе има нова методологија или нов пристап што ќе биде од корист и ќе помогне на Северна Македонија и останатите држави, изјави Бибер.
Францускиот нон-пејпер, рече Бибер, има добри идеи и сметам дека може да придонесе државите побрзо да ги почувствуваат бенефитите од членството.
– Ако го видиме примерот на Црна Гора, може да поминат многу години во преговори. Сметам дека имањето рани фази е добро, доколку е јасно дека тоа се фази за членство во ЕУ и дека се поврзани со финансиски награди. Францускиот нон-пејпер има добри идеи и е сериозно да се разговара за тоа, но не го адресира проблемот со владеењето на правото и слободната држава, изјави Бибер.